вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во Битола

Мотоциклист тешко повреден во Битола
илустрација

На 11.08.2022 во 17.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.,,Стрчин“ и ул.,,15 Корпус“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“, управувано од О.Р.Г. (43), и мотоцикл „апачи“, управуван од А.Ј. (33), двете со битолски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Битола.