вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден во сообраќајка на патот Скопје – Приштина

Возач тешко повреден во сообраќајка на патот Скопје – Приштина

Возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на магистралниот пат Скопје-Приштина кај приклучок од обиколница на град Скопје.

Во несреќата учествувале товарно возило “даф“ со приколка со турски национални ознаки, управувано од М.К.(58) од Турција, и патничко моторно возило “фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(50) од с.Блаце-скопско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.К. констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.