Одлично за гости
За страствените љубители на чоколадо ова е совршен рецепт.
Се прави без јајца, а може да биде одлична замена за torta.
Состојки:
(шолја 2 дл)
2 шолји брашно
2 шолји шеќер
1/2 шолја масло
2 шолји јогурт
2 лажички сода бикарбона
2 лажички какао во прав
Прелив:
10 лажици шеќер
10 лажици млеко
100 гр путер
100 гр чоколадо
1 лажица рум
Подготовка:
Во сад за матење ставете брашно, сода бикарбона и какао. Додадете шеќер и добро измешајте. Постепено сипете го јогуртот со постојано мешање за да не се појават грутки и на крајот додадете го маслото. Матете со миксер додека масата не се изедначи.
Ставете хартија за печење во тркалезен плех и истурете ја смесата. Се пече на 220 °C во загреана рерна околу 30 минути. За тоа време направете го преливот.
Во сад се ставаат сечканиот путер, млекото, шеќерот, чоколадото и по желба румот и се мешаат на тивок оган додека се растопи и се добие убав густ прелив.
Испечениот и сè уште топол колач во тавата исечете го на еднакви коцки и прелијте го со преливот. Оставете колачот да впие и добро да се излади.