четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист загина во сообраќајка на патот Штип-Делчево

Мотоциклист загина во сообраќајка на патот Штип-Делчево
илустрација

На 17.08.2022 во 19.15 часот пријавено е дека на магистралниот пат Штип – Делчево, кај место викано „Чифлички бунари“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со бугарска национална ознака, управуван од С.Х.(50) од Кочани и патничко возило „опел вектра“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од Кочани, информира МВР.

По несреќата возачот на мотоциклот бил пренесен во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кочани.