Малолетник од скопската населба Кисела Вода направил големи проблеми.
Како што информираат од полицијата, вчера попладне во 16,30 часот во Скопје, на улицата „Димо Хаџи Димов“, 17-годишно лице од Скопје, му упатувал закани по животот на Г.З.(37), по што со нож, се обидел физички да го нападне.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.