Пејачката Марија Шерифовиќ е сопственичка на неколку недвижности во родната земја, а најголемо време го поминува во својот стан во центарот на Белград.
Таа пред три години купи стан во елитната населба на Нов Белград каде живеат многу познати личности.
Имено таа живее во луксузен стан каде соседи и се Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ, Стеван Анџелковиќ, а според српските медиуми за овој луксуз таа издвоила околу 200 илјади евра.
Таа неретко на Инстаграм споделува фотографии на кои можат да се видат детали од нејзиниот стан, особено нејзината спална соба е вистинска мала бајка.
Во оваа просторија се наоѓа и голем бел ормар со огледало кој е во должина на целиот ѕид, исто така и во кујната преовладуваат светли бои како и најнова бела техника која е неопходна за една домаќинка која е пејачката.