Пешакот А.П.(42) од Прилеп вчера вечерта на улица “Сотка Ѓорѓиески“ бил удрен од патничко моторно возило непозната марка управувано од непознат возач.
По несреќата возачот го напуштил местото на настанот.
-По незгодата А.П. бил пренесен во Општата болница во Прилеп каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп, информираат од МВР.
Се преземаат мерки на целосно расчистување на случајот.