четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Сите ги јадат и пијат, а ОВИЕ НАМИРНИЦИ предизвикуваат ВОСПАЛЕНИЕ во телото и доведуваат до болести!

Сите ги јадат и пијат, а ОВИЕ НАМИРНИЦИ предизвикуваат ВОСПАЛЕНИЕ во телото и доведуваат до болести!

Начинот на кој се храниме има огромно влијание врз нашето здравје, а тоа понекогаш го забораваме.

Постојат намирници кои се полни со витамини и минерали, кои поттикнуваат размножување на добрите бактерии во цревата, а од друга страна, некои намирници поттикнуваат воспаление во организмот.

Истражувањата покажаа дека исхраната може да биде директно поврзана со зголемен ризик од хронични болести, благодарение на воспалението во телото, а сето тоа е поврзано со видот на храната што ја јадете.

Нутриционистот Илана Малштајн вели дека храната направена со сируп од пченка со висока фруктоза, како и вештачките засладувачи и ароми, се храна која го зголемува воспалението во телото.

Овие состојки се наоѓаат во бројни намирници и пијалоци, како газирани сокови, гумени бонбони, разни чоколади…

– Внесувањето на шеќер и вештачки состојки доведува до зголемување на нивото на шеќер во крвта и до воспалителен одговор во телото – објаснува Малштајн.

Ако се прашувате зошто е толку опасно да имате воспаление во телото, факт е дека постојаното воспаление може да предизвика опасни здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес, ревматоиден артритис…

Она што е важно и што научниците го истакнуваат е дека една чаша газиран пијалак или неколку бонбони и чоколади, нема да ги предизвикаат овие болести. Опасно е ако постојано ги јадете овие провоспалителни намирници, бидејќи тогаш тие ќе доведат до хронично воспаление и болест.