четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка кај Градска: Скопјанец со „хонда“ удрил во малолетниот велосипедист, детето итно пренесено во болница

На 25.08.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори“, ул.„Даме Груев“ и ул.„11-ти Октомври“, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Скопје, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.