среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Сочно, миризливо и се топи во уста: Турскиот начин на спремање јајца на око ќе ве воодушеви

Сочно, миризливо и се топи во уста: Турскиот начин на спремање јајца на око ќе ве воодушеви

Состојки:

2 јајца
3 лажици кисело млеко
сол
бибер
црвена сушена чили пиперка
маслиново масло
1 лажица путер
малку мелен свеж зелен чили пипер
малку магдонос
1 лажица испасиран лук
мелена слатка пиперка
путер

Подготовка:

Најпрво во сад ставете 3 лажици кисело млеко и посолете малку. Потоа додадете малку лук и исто толку мелена слатка пиперка како и малку бибер. Сето тоа добро измешајте го!

После тоа, во друг сад додадете свежо мелен чили пипер измешан со ситно сечкан магдонос и сето тоа измешајте.

Следно, во малку загреана тава растопете го путерот, а потоа додадете ја чили пиперката (ситно мелена), а потоа додадете малку мелена слатка пиперка.

Во друга, чиста тава пропржете ги јајцата и потоа е време се да послужите.

Прво ставете го сосот со кисело млеко, па наросете со магдонос, а потоа сосот со црвени пиперки. После тоа, ставете ги пржените јајца и посипете ги со сос од црвен пипер и сос од магдонос.

Пријатно!