четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден, излетал од патот Штип-Делчево

Возач тешко повреден, излетал од патот Штип-Делчево

На 28.08.2022 во 18.25 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево кај место викано “Сланечки дол“ патничко моторно возило “голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Г.Ц.(37) од Виница, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.