сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Трансфер бомба во финишот ќе го стресе Островот, Роналдо е во главната улога

Трансфер бомба во финишот ќе го стресе Островот, Роналдо е во главната улога

Летниот преоден рок се ближи кон крајот, а Кристијано Роналдо се уште не успеа да го напушти Манчестер Јунајтед. Роналдо на крајот од минатата сезона изрази желба да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето, иако пред само една година се врати во овој клуб.

Португалецот е незадоволен што Јунајтед не се пласираше во Лигата на шампионите и целта му е да игра за клуб кој оваа сезона се натпреварува во најелитното клупско натпреварување во светот.

Роналдо ги пропушти речиси сите подготовки бидејќи чекаше трансфер и се надеваше дека Јунајтед ќе го пушти, но проблемот беше што ниту еден друг клуб не покажа желба да плати отштета за него.

Дури се шпекулираше дека „црвените ѓаволи“ ќе го раскинат договорот со Роналдо, но се уште ништо конкретно не се случило.

Португалецот го загуби местото во стартната постава, а многумина веруваат дека навистина ја нарушил атмосферата во соблекувалната со своето однесување и избегнувањето да оди на подготвителната турнеја во Азија и Австралија.

Летниот преоден рок завршува за само неколку дена, а англиските медиуми пишуваат дека Роналдо конечно би можел да направи чудо и да го оствари трансферот што го чека со месеци.

Очигледно повторно во игра е заминувањето на Роналдо во Челзи, со кој беше поврзуван пред неколку недели. Сините потоа се откажаа од Роналдо и приоритет им беше Пјер-Емерик Обамејанг, но се чини дека трансферот на напаѓачот на Барселона дефинитивно пропадна.

Како што утрово објави „Мирор“, челниците на Челзи повторно се заинтересирани за Роналдо бидејќи навистина им треба вистински напаѓач во тимот. Одењето во Челзи беше цел на Роналдо од почетокот и сега се врати во игра за да го оствари тоа.

Овојпат на Челзи нема да му биде проблем да плати околу 15 милиони евра за него бидејќи немаат време за размислување и треба итно да доведат напаѓач. Обамејанг им расипа се, но се чини дека Роналдо би можел да биде светлината на крајот од тунелот за сините.

Челзи го чекаат многу пеколни денови на крајот од преодниот рок, а многу брзо ќе дознаеме дали Роналдо ќе заврши на „Стемфорд Бриџ“ или ќе биде некој друг напаѓач.