четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена во Тетово, во неа удрил автомобил

Жена тешко повредена во Тетово, во неа удрил автомобил

На 30.08.2022 во 19.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Јане Сандански“ и ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, патничко моторно возило “фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(31) од Тетово, удрило во пешакот В.П.(66) од Тетово, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.П. констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.