сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Веќе нема дилема: Познато е каде Роналдо ќе ја продолжи својата кариера

Веќе нема дилема: Познато е каде Роналдо ќе ја продолжи својата кариера

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, потврди дека португалскиот фудбалски репрезентативец останува во клубот од Олд Трафорд, пренесуваат британските медиуми.

Британските медиуми потсетуваат дека Роналдо ги пропуштил поголемиот дел од подготовките за англискиот клуб и дека му се приклучил на Манчестер Јунајтед непосредно пред почетокот на новата сезона, бидејќи менаџерот Жорге Мендеш од него побарал клуб со кој ќе игра во Лигата на шампионите.

Мендеш наводно им го понудил Роналдо на Пари Сен Жермен, Челзи, Баерн, Атлетико, Спортинг, Наполи, но ниту еден од овие клубови не сакал да го ангажира португалскиот фудбалер.

Роналдо ги демантираше сите овие информации и најави дека наскоро ќе ја објави вистината.

Тен Хаг истакна дека португалскиот фудбалер оваа сезона му е потребен на Манчестер Јунајтед.

– Роналдо останува во Манчестер Јунајтед. Тоа е јасно. Ни требаат квалитетни фудбалери, изјави холандскиот стручњак.

Португалскиот фудбалер одигра четири натпревари за „црвените ѓаволи“ во новата сезона, но се уште не успеал да се запише во листата на стрелците. Тој има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до јуни следната година.