вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Возач на мопед тешко повреден во Кочани

Возач на мопед тешко повреден во Кочани

На 31.08.2022 во 03.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосница со кружен тек кај хотел во Кочани, Д.Е. (32) од Штип управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки паднал на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.