вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тракторист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Тракторист тешко повреден во сообраќајна несреќа
илустрација

На 01.09.2022 во 09.10 часот во Полициска станица Делчево било пријавено дека на патот Македонска Каменица-Делчево, во атар на с. Драмче, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(69) од с.Саса, општина Македонска Каменица и трактор „Фергусон 35“ со делчевски регистарски ознаки управуван од З.П.(74) од Делчево, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.П. констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.