Подгответе судшени домати во маслиново масло за вистински медитерански вкус.
Сушените домати го збогатуваат секое јадење, а не е тешко да се подготват.
Состојки:
2,5 кг. домати
4чешниња лук
сол, бибер
оригано
маслиново масло
зачини по вкус
Подготовка:
Доматите убави измијте ги и исечете ги на кришки. Со лажица извадете го делот со семките. Така подготвени наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
Измешајте ги зачините и наросете врз доматите. Тавата ставете ја во загреана рерна и оставете доматите да се сушат на 100 степени околу пет часа.
Кога ќе бидат готови, оставете ги да се оладат.
Во чисти и суви тегли наредете ги кришките сушени домати. Важно е да не притискате при ставањето. Додадете лук и зачии. Во теглата додадете маслиново масло во количина со која доматите ќе бидат потопени.
Убаво затворете ги теглите и чувајте ги во фрижидер.