сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо одбил понуда од Саудиска Арабија каде би добивал 240 милиони евра годишно

Роналдо одбил понуда од Саудиска Арабија каде би добивал 240 милиони евра годишно

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо летото одбил понуда од клубот од Саудиска Арабија, објави „Мирор“.

Според британскиот весник, неименуван клуб бил подготвен да му плаќа на 37-годишниот Португалец 240 милиони евра годишно.

Се остава простор, напаѓачот да ја преиспита својата одлука и да ја прифати понудата претстојната зима.

Роналдо оваа сезона има шест настапи во Премиер лигата без да постигне гол.

Има и една средба во Лига Европа.