понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Не престануваат хакерските напади врз црногорските државни институции

Не престануваат хакерските напади врз црногорските државни институции

Хакерските напади врз државни институции не престануваат, некои сервиси се враќаат, соопшти Владата на Црна Гора, додавајќи оти сè уште не може да се зборува за финансиските загуби.

-Ние не можеме да здивнеме. Оптимистично е тоа што успеавме да вратиме одредени сервиси, изјави Душан Половиќ од црногорското Министерство за јавна администрација.

Како што информираше Половиќ, официјалната страница на Владата „gov.me“ повторно е достапна од петокот вечерта, а тој се надева дека оваа недела ќе биде достапен и порталот за јавни набавки.

Јавните набавки најмногу претрпеа поради хакерските напади. Државните тендери се стопирани, па со тоа е отежната и работата на дел институции.  (МИА)