сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца малолетници повредени во сообраќајна несреќа на патот Битола-Прилеп

Тројца малолетници повредени во сообраќајна несреќа на патот Битола-Прилеп

На 26.09.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која учествувале запрежно возило управувано од 15 – годишник од Битола, патничко возило „опел астра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(50) од Битола и товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(60) од с.Беровци, прилепско.

Во несреќата малолетникот кој го управувал запрежното возило и неговиот малолетен сопатник се здобиле со тешки телесни повреди, додека другиот малолетен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.