петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од патот Прилеп-Македонски Брод, тешко повреден возач

Автомобил излета од патот Прилеп-Македонски Брод, тешко повреден возач

На 02.10.2022 околу 11.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај с.Ропотово, патничко моторно возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(38) од с.Дебреште, излетало надвор од патот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.