петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цеца од својата свекрва доби вреден подарок на свадбата со Аркан, а сега тоа “парче“ е кај снаата Богдана – еве за што станува збор

Цеца од својата свекрва доби вреден подарок на свадбата со Аркан, а сега тоа “парче“ е кај снаата Богдана – еве за што станува збор

Пред нешто помалку од триесет години, колона од дури шеесетина возила се упати кон родното место на Цеца Ражнатовиќ, тогаш Величковиќ, на чело со Аркан, кој беше облечен во црногорска носија, во шест часот наутро.

Семејството ги пречека свадбените гости во Житораџа, па започна традиционалниот обичај на дарување на невестата, а потоа Цеца беше изнесена од семејниот дом од таткото Слободан. Оттаму се упатија кон Белград, во црквата Свети Архангел Гаврил, каде што беше одржана свечена церемонија. Свадбата на Вељко и Богдана, одржана во ноември 2019-та година, на некој начин беше одраз на „свадбата на деценијата“ на Цеца и Аркан.

Цеца на денот на венчавката влегла во црквата во раскошна венчаница, која нејзината снаа ја носеше 24 години подоцна, но еден од најемотивните моменти бил кога откако се заколнале на вечна љубов пред Бога, младенците отишле во семејната куќа каде ги чекала мајката на Жељко, Славка Јосифовиќ.

Имено, свекрвата на својата снаа подарила семејно наследство, а нејзините зборови се прераскажуваат до ден денес:

„Ти го подарувам овој златник, кој е од 1700 година. Од мојата прабаба. Нека е среќен и долговечен бракот – рекла свекрвата кога и подарила на Цеца вредемн златник, а години подоцна, како што налагаат обичаите, Цеца го подарила овој вреден подарок на својата снаа Богдана.

За потсетување, венчавката на Вељко и Богдана се одржа во црквата Свети Сава, додека нивниот граѓански брак се одржа во елитен белградски хотел, каде организираа гала прослава.

Најнови вести