сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Нови 72 позитивни лица на коронавирус и четири смртни случаи, тројца починале дома

Нови 72 позитивни лица на коронавирус и четири смртни случаи, тројца починале дома

Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 07.10 до 09.10.2022) направени се 871 тест, а регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 60, Куманово – 3, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Струмица, Струга и Ресен – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 18 реинфекции.

Регистриран e 161 оздравен пациент од: Скопје – 116, Битола – 7, Куманово, Прилеп и Кичево – по 4, Велес, Охрид, Кавадарци, Неготино и Кратово – по 3, Тетово, Штип, Гевгелија и Берово – по 2, Струмица, Гостивар и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (07.10 – 09.10.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица, од Скопје (96г, 80г и 73г) и од Кавадарци (58г). Од пријавените лица, 3 се починати во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 14.09. до 06.10.2022 год.

Направени се 871 тест преку: ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-83, ЦЈЗ Битола-14, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–35, Жан Митрев (Филип Втори)-13, Авицена-18, Биотек-30, Систина-20, лабораторија Лаор-5, Синлаб-6, Ремедика-3, Плодност-6, Генеа-4, Никоб Лаб-31, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-3, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-4, ГМ Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 460.

Досега во земјата се направени вкупно 2.174.086 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.391, бројот на оздравени пациенти е 333.504, на починати е 9.548, а бројот на активни случаи изнесува 339.