Сочно и многу едноставно јадење
Ако сакате тестенини, дефинитивно ќе ви се допадне денешниот рецепт.
Како ви звучат полнети тортелини со два вида сирење?
Одлично нели?
Подготовката е едноставна и брза, а вкусот е совршен.
Пробајте и уверете се сами!
Состојки:
300 гр полнети тортелини
1 лажица брашно
4 чешниња лук
200 мл павлака за готвење
150 мл млеко
2 супени лажици маслиново масло
3 листови топено сирење
1 грст рендана моцарела
сол, бибер
Подготовка:
Сварете ги тортелините. Во тавче ставете масло и изгмечениот лук да порумени.
Додадете брашно, млеко и вода. Оставете малку да се вари, посолете и побиберете. Додадете ги тестенините и измешајте.
Оставете уште една минута или две, а потоа додадете ги листовите сирење. Кон крајот ставете рендана моцарела или друго сирење.
Погледнете го упатството за подготовка чекор по чекор: