четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Зошто е тешко да се освои ЛШ? Бидејќи Реал Мадрид секогаш е тука…

Гвардиола: Зошто е тешко да се освои ЛШ? Бидејќи Реал Мадрид секогаш е тука…

Манчестер Сити не победи на гостувањето кај Копенхаген и одигра реми без голови. Гостите останаа со човек помалку и на крај мораа да се задоволат со еден освоен бод.

По натпреварот Пеп Гвардиола по кој знае кој пат беше запрашан зошто е толку тешко да се игра и да се освои титулата во Лигата на шампионите. Шпанецот со насмевка на лицето даде интересен коментар.

„Зошто е тешко да се освои Лигата на шампионите? Па, Реал Мадрид секогаш е тука…“, беа зборовите на предводникот на англискиот првак.

Сити лани застана во полуфиналната фаза, кога загуби токму од „кралевите“. Мадриѓани направија епски пресврт на домашен терен и се пласираа во големото финале.