Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг го пофали Кристијано Роналдо за неговата работа на физичката форма.
– Сакам да му дадам поддршка најдобро што можам. Имаме одредени барања за играчи, очекувања за одредени позиции. Формата на Роналдо е подобра сега отколку на почетокот на сезоната. Среќен сум со тоа. Сакам да извлечам максимум од него. Ова уште еднаш докажува дека никој не треба да ги пропушти претсезонските подготовки, изјави тренерот на Манчестер јунајтед.
Роналдо викендот го постигна 700-от гол во клупската кариера. До оваа бројка му беа потребни 943 натпревари со четири екипи.