Постојат различни видови риби и добро мора да изберете која од нив ќе ја купите за да си ја подготвите дома.
Рибата е богата со омега-3 масни киселини, витамин Д и селен.
„Историски гледано, рибата отсекогаш била дел од исхраната на жителите на сините зони во кои живеат 100-годишници. Интересно е тоа што во тие региони луѓето претежно јадат растителна храна, со мала количина на животински протеини, вклучувајќи ја и рибата“, вели нутриционистката д-р Фелисија Столер.
Некои од најздравите риби за јадење се дивиот лосос, сардина, пастрмка, скуша, бакалар. Експертите препорачуваат неделно да јадете приближно по 300 грама риба или пак морски плодови.
Во сите видови риби и школки се наоѓаат траги од жива. Иако онаа во мала количина не влијае лошо по вашето здравје, сепак доколку живата ја има во поголеми количини таа е отровна. Изложеноста на метил-жива е поврзана со заостанат невролошки развој, губење на периферниот вид, недостаток на движење или координација, оштетен говор и слабост во мускулите, а ова го соопштила американската Агенција за заштита на околината.
Затоа треба да избегнувате прекумерно консумирање риба која има високо ниво на жива со неа, додека пак бремените жени, доилките и малите деца треба целосно да го ограничат нејзиниот внес во организмот. Некои од таквите видови риба се ајкула, сабјарка, кралска скуша и туна.