понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ПИЛЕШКО ФИЛЕ СО ДОМАШНО ПЕСТО! Брз ручек или вечера со стил!

ПИЛЕШКО ФИЛЕ СО ДОМАШНО ПЕСТО! Брз ручек или вечера со стил!

Домашното песто е она што ќе ја направи разликата во ова јадење во споредба со (само) пилешко на скара. Сосот исто така ќе помогне филето да не се исуши по печењето… Уживајте!

Состојки:

шолја и пол свеж босилек
чаша печени ореви
две чешниња лук
две лажици пармезан
половина чаша маслиново масло
една лажица сок од лимон
четири пилешки филети
сол, бибер

Подготовка:

Во блендер се ставаат босилекот, оревите, лукот, пармезанот и маслото, па убаво се меша да се добие еднолична смеса. Додадете сок од лимон, измешајте и оставете го на страна. Зачинете го пилешкото со сол и бибер, а потоа печете во грил тава на умерена температура пет до шест минути од секоја страна. Извадете го во чинија, прелијте го со песто сосот и веднаш послужете.