вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајката кај Радичево, се судриле две товарни возила и автомобил

Детали за сообраќајката кај Радичево, се судриле две товарни возила и автомобил

Две товарни и едно патничко возило учествувале во сообраќајна несреќа која утринава во 08:15 часот е пријавена во полиција, потврдуваат од МВР за Курир.

Сообраќајката се случила на магистралниот пат Струмица – Радовиш кај с.Радичево.

Според првичнте информации едно лице се пожалило на повреди, но нема детали за карактерот на повредите.

Од МВР за Курир вела дека патот е затворен за сообраќај во двата правци, а полициски екипи на лице место вршат увид.

Сообраќајот се пренасочува по регионален пат (стариот пат).