недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Грем Потер сака Португалец, но не Кристијано Роналдо

Грем Потер сака Португалец, но не Кристијано Роналдо

По напуштањето на теренот пред крајот на мечот со Тотенхем и казната која сладеше од Ерик тен Хаг се поголема е веројатноста дека незадоволниот Кристијано Роналдо ќе замине од Манчестер Јунајтед во јануари, а и покрај тоа што како опција се споменува Челси, „сините“ имаат други планови за зимата.

Томас Тухел изминатото лето го одби асот, а голема е веројатноста дека тоа ќе го направи и новиот стратег Грем Потер кој сака да ангажира португалски напаѓач оваа зима, но тоа да биде Рафаел Леао за кој Милан веќе одби една понуда на последниот ден од летниот преоден рок.

Во меѓувреме Челси го ангажираше Пјер Емерик Обамејанг, но со 33-години габонскиот репрезентативец не се поклопува во долгорочните планови на англискиот стратег. Иста е ситуацијата и за Роналдо кој би бил само краткотрјно решение, за разлика од 23-годишниот голгетер на „росонерите“ од кој се очекува одлично да се вклопи во средината исполнета со млади перспективни фудбалери.