петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца возачи тешко повредени во сообраќајка во гевгелиско

Двајца возачи тешко повредени во сообраќајка во гевгелиско

На 25.10.2022 во 13.10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на локалниот пат село Стојаково – село Богородица, гевгелиско, се случила сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале патничко моторно возило „форд ескорд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(40) од Гевгелија и патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(69) од село Селемли, општина Богданци, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.