четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Центар, едно лице повредено

Тешка сообраќајка во Центар, едно лице повредено
илустрација

На 26.10.2022 во 07.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васил Ѓоргов“, ул.„Козара“ и ул.„Бел Камен“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „дачија логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(60) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Г.(57) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.