понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

„Ауди“ излета од пат, тешко повреден малолетник

„Ауди“ излета од пат, тешко повреден малолетник
илустрација

Малолетник е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила синоќа на патот с.Сопот-с.Марена, на влез во с.Марена.

Како што информира МВР, околу половина час по полноќ автомобил „Ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од М.З.(24) од с.Сопот излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, констатирани во Општата болница во Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.