Фолк ѕвездата Лепа Брена во Америка ужива во сè.
На социјалните мрежи пејачката објавува фотографии од Мајами во лелеави опуштени тоалети и јаде само специјалитети на луксузни места.
Семејството Живојиновиќ е познато по тоа што ужива во добра храна, а сакаат и знаат да се опуштат со неколку пијачки, Брена на една од фотографиите покажа дека алкохолот ја опушта, па можеме да видиме и шишиња со алкохол во огромна чаша, додека тука е и препознатливата насмевка на пејачката.
Палми, сонце, големи шешири, сето тоа можеме да го видиме на објавите на Брена, а веруваме дека многумина би сакале да бидат на нејзино место токму сега.
Таа за своите фанови објави и фотографија од своите голи и долги нозе како ги сонча на плажа, погледнете: