петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо се враќа „дома“ – си купи нова куќа од 21 милион евра на 50 километри од Лисабон

Роналдо се враќа „дома“ – си купи нова куќа од 21 милион евра на 50 километри од Лисабон

Кристијано Роналдо можеби се врати во првиот тим на Манчестер Јунајтед, но тоа не значи дека Португалецот ги промени плановите кога станува збор за иднината на „Олд Трафорд“.

Роналдо инсистира на заминување веќе во јануари, а шпекулациите околу евентуалното враќање назад во Спортинг Лисабон добија на тежина откако Кристијано инвестираше богатство во купување на луксузна куќа во татковината.

Според последните информации, тој потрошил 21 милион евра за купување и реновирање на луксузен имот од 2.720 квадратни метри. Куќата е со површина од 544 квадратни метри и се наоѓа во близина на Есторил, на 50 километри од Лисабон.

„Нормално дека го сакаме Кристијано. Сите во Спортинг сонуваат за неговиот камбек во клубот“, изјави неодамна тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим.

Сепак, останува проблемот со парите, португалскиот гигант може да му понуди на Роналдо многу пониска плата од останатите заинтересирани екипи.