сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

И „Марка“ потврдува: Реал Мадрид и Јувентус го финализираат трансферот на Роналдо

И „Марка“ потврдува: Реал Мадрид и Јувентус го финализираат трансферот на Роналдо

Кристијано Роналдо е на пат кон Јувентус, откако трансферот е договорен меѓу Реал Мадрид и италијанскиот шампион, објавува Марка денеска нешто после 16 часот.

Во текстот на мадридскиот весник кој важи за близок до Реал Мадрид и кој секогаш прв ги информациите поврзани со овој клуб, се вели дека заминувањето од Сантијаго Бернабеу на Кристијано Роналдо е прашање на часови и дека тој би можел и денеска да биде официјално претставен како нов фудбалер на Јувентус.

Флорентино Перез ја почитувал желбата на Роналдо да замине и му дозволил да почне нова авантура во Серија А.

Управата на Реал Мадрид се согласила на трансфер вреден 100 милиони евра.

Инаку, претседателот на Јувентус сабајлево отпатува во Грција, каде Португалецот моментално е на одмор, со цел да го обезбеди потписот на фудбалерот.

Ањели претходно побарал дозвола од мадридскиот клуб да оствари средба со фудбалерот, за што и добил дозвола.

Реал Мадрид ги прифатил и понудата на Јувентус и одлуката на Роналдо, пишува во текстот на Марка.

Приказната на Роналдо во Реал Мадрид сега е при својот крај, завршува во текстот Марка.