среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецепт за неодоливи париски њоки

Рецепт за неодоливи париски њоки

За париските њоки не ви требаат компири, само неколку состојки за свареното тесто. По готвењето, можете да ги претворите во еден од многуте специјалитети – послужете со сос од сирење и копар, печете со сирење и сос од домати во рерна или пржете на тава со додавање шунка или сланина. Париските њоки можете лесно да ги подготвите однапред, што е практично доколку ви треба брзо јадење кога ќе ви дојдат гости.

Состојки:

250 мл млеко
60 гр путер
125 гр брашно
1 лажица сенф
3 големи јајца
2 лажици масло за пржење

Подготовка:

Додадете ги млекото и путерот во средно тенџере и ставете ги на средна топлина. Оставете да зоврие и намалете го огнот и додајте го брашното со постојано мешање додека не добиете мазно еластично тесто што се одвојува од страните на садот.

Префрлете ја смесата во сад со миксер (користете го додатокот за лопатка) потоа додадете го сенфот и мешајте една минута. Смесата ќе изгледа како да се распаѓа, но така треба да биде. Додадете ги јајцата, едно по едно, и матете две минути или додека секое јајце целосно не се вклопи во смесата. Треба да добиете густо тесто, но сепак доволно тенко за да се притисне. Подгответе кеса за пециво со широка млазница или земете обична пластична и отсечете го врвот на ширина од приближно 2 см.

Сварете вода и кога ќе зоврие истискајте ја смесата со њоки низ кесичката на мали парчиња. Варете ги додека не испливаат на површината (околу минута и пол) и потоа извадете ги со решеткана лажица. Префрлете ги во плех или чинија и покријте ги со пластична фолија.

Загрејте го путерот во тава и пржете ги њоките додека малку да потемнат и да поруменат. Послужете ги со сос од домати и посипете ги со сирење. По желба можете кратко да ги печете во рерна додека да се растопи сирењето.