петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Сите го сакаме, а знаеме дека не е здрав: Еве како да направите помфрит без зејтин – тајната е во ОВАА состојка

Сите го сакаме, а знаеме дека не е здрав: Еве како да направите помфрит без зејтин – тајната е во ОВАА состојка

Помфритот е идеален додаток за хамбургери или друго месо на скара. Сепак, многу луѓе го јадат и како главно јадење, со малку салата.

Но, поради начинот на подготовка кој бара пржење во големи количини масло, помфритот е меѓу намирниците кои воопшто не се најздравиот избор. Компирите сами по себе се многу добар извор на витамините Б, но откако ќе се натопат во врело масло, оваа нискокалорична храна се претвора во калориска бомба која го зголемува лошиот холестерол.

За среќа на многумина, можно е да се подготви и без масло, а вкусот е исто толку добар благодарение на една состојка.

Тајната е во белката (од јајце).

Освен компири, за оваа поздрава варијанта на помфрит ќе ви требаат белки и зачини по вкус. За почеток, излупете ги компирите и исечете ги за да добиете форма на помфрит. Потоа валкајте го во изматени белки во кои претходно сте додале зачини по желба.

Помфритот наредете го во плех обложен со хартија за печење и печете го во загреана рерна на 200 степени додека не порумени.

Времето на печење ќе зависи од моќноста на рерната. Благодарение на „лушпата“ од белка ќе ја добие добро познатата крцкава кора, а внатрешноста ќе остане совршено мека.