петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредена кумановка откако ја удрил автомобил

Тешко повредена кумановка откако ја удрил автомобил

На 03.11.2022 во 07.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул. „11-ти Октомври“, ул.“Доне Божинов“ и Плоштад „Нова Југославија“ во Куманово, патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) од с.Режановце, кумановско, удрило во А.С.(40) од Куманово, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С. констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.