понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунајтед ќе го пуштат Роналдо да замине

Јунајтед ќе го пуштат Роналдо да замине

Кристијано Роналдо ќе добие „дозвола“ да си замине од Манчестер јунајтед во јануари, бидејќи газдите на клубот сакаат да „го заддржат високиот морал“ и да го засилат авторитетот на менаџерот Ерик Тен Хаг, тврди британскиот „Скај спортс“.

Португалскиот ветеран сакаше да си замине од „Олд Трафорд“ во текот на летниот преоден рок, но клубот инсистираше дека тој не е на продажба.

Оттогаш, 37-годишниот Роналдо направи повеќе проблеми во стабилноста на тимот, беше казнет за предвремено заминување од еден меч, и беше критикуван поради слабата форма.