понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бензема: Роналдо не ми честиташе за „Златната топка“

Бензема: Роналдо не ми честиташе за „Златната топка“

Францускиот фудбалер Карим Бензема, кој ја освои „Златната топка“, изјави дека неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, не му честитал за наградата. Португалецот не се јавил да му честита за големото индивидуално признание кое тој во кариерата го освои петпати.

„Не, се уште не ми честита “, изјави Бензема за француските медиуми.

Карим Бензема и Кристијано Роналдо девет години беа соиграчи во Реал Мадрид, во периодот од 2009 до 2018 година.