понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена во сообраќајна несреќа на патот Ропотово-Богомила

Жена тешко повредена во сообраќајна несреќа на патот Ропотово-Богомила

На 14.11.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патот Ропотово-Богомила се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(22) од с.Десово и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(35) од с.Секирци, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.К.(58) од с.Десово, сопатничка во возилото „мерцедес“, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.