Доколку сакате да ги зајакнете коските и мускулите тогаш треба да обрнете особено внимание на исхраната.
Намирници кои се препорачуваат за оваа цел се: шампињоните и брокулата.
Во печурките-шампињони, има голема количина на витаминот Д, кој ја зголемува работната способност и ги јакне коските.
Се препорачува секојдневно да се конзумираат, како додаток во исхраната или како главен оброк.
Брокулата изобилува со калциум, минерал кој е важен за здрави коски.
Потребно е барем два пати неделно, во количина по 250 грама, да го внесуваме овој вкусен зеленчук.