вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Буфон со прогноза за Мундијалот: Само една европска репрезентација може да им парира на Бразил и Аргентина

Буфон со прогноза за Мундијалот: Само една европска репрезентација може да им парира на Бразил и Аргентина

Прославениот италијански голман Џанлуиџи Буфон ја даде својата прогноза за Светското првенство во Катар кое почнува во недела, 20 ноември.

Неговата Италија, со која во 2006 година се искачи на врвот, втор последователен Мундијал нема да учествува и тоа е болка за легендарниот Џиџи.

-Како навивач секако дека сум тажен, но на играчите им е уште потешко. Го доживева тоа во 2018 година, кога Светското првенство почнува, а ти седиш дома. Голема тага е тоа и тежина која се носи засекогаш. Тешко е да се прифати дека си одговорен за нешто што му е одземено на италијанскиот народ, изјавил Буфон.

„Азурите“, иако се актуелни шампиони, без СП останаа откако го испуштија првото место во групата во последните две кола против Швајцарија и Северна Ирска, а потоа во баражот беа шокирани од Македонија со гол во 90 минута.

-Се случи нешто незамисливо, но тој пораз ве тера да сфатите во која мерка психолошкиот аспект е одлучувачки во спортот. Италијанските играчи веројатно и на тој натпревар влегоа разочарани бидејќи не го заземаа првото место во својата група. Имаа промашен пенал во последните моменти од натпреварот за победа над Швајцарија. Тие негативни аспекти влијаеа за наводно лесната пречка да стане непремостива, вели Буфон.

За личното искуство на Мундијалот, вели дека победата и освојувањето на СП е екстаза која трае со месеци. Чувството е величенствено, објаснува, особено затоа што сте одговорни за среќата на голем број луѓе.

Буфон ги кажа и неговите прогнози за Мундијалот во Катар, односно која репрезентација ќе го подигне пехарот.

-Аргентина или Бразил. На индивидуално ниво Франција мi=и делува како единствена европска репрезентација која може да им парира, но не знам какви се како тим. И можеби Белгија, бидејќи ми се допаѓа како брани Куртоа, заклучува Буфон.