понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Објавен најемотивниот дел од интервјуто на Ронадло (ВИДЕО)

Објавен најемотивниот дел од интервјуто на Ронадло (ВИДЕО)

Пирс Морган вечерва ќе го објави првиот дел од интервјуто со Кристијано Роналдо, кое веќе неколку дена е главна тема во светските медиуми затоа што се објавуваа во кои Роналдо зборуваше за Манчестер јунајтед, односот со тренерот, но и поранешните колеги.

Роналдо во интервјуто зборувал и за приватниот живот, како и за големата трагедија која му се случи во семејството, откако почина едно од бебињата кои ги имаше со Георгина Родригез.

„Еден од најтешките моменти за мене беше кога останав без едно од бебињата. Кога стигнав дома, децата ме прашаа каде е другото бебе. Во тој момент, не можев да издржам и плачевме со Кристијано Јуниор. Ја чувам неговата пепел до таа на татко ми. Зборувам со нив и си го пронаоѓам мирот. Разговарам со мојот починат син и татко“, вели Роналдо.

Дефинитивно ова е најемотивниот исечок од досега објавените. Двата дела од интервјуто вечерва и утре ќе бидат објавени на „Ток ТВ“.