Што ви е потребно за овој превкусен, несекојдневен десерт?
200 грама ориз
800 милилитри млеко
500 милилитри слатка павлака
2 лажици рум
300 грама замрзнати кајсии
100 грама суво грозје
150 грама шеќер
Цимет
Начин на подготовка:
Сварете ориз во млеко со 100 грама шеќер, тргнете од оган и измешајте суво грозје отстоено во рум и оставете да се лади.
Изматете слатка павлака, па соединете со оладен ориз. Полека измешајте да добиете изедначена смеса.
Варете ги кајсиите и останатиот шеќер со малку вода додека кјасиите малку не омекнат. Во правоаголен подмачкан плех ставете половина од подготвениот сутлијаш и одозгора распоредете ги кајсиите.
Покријте со останатиот сутлијаш и оставете добро да се олади.
Пред служење посипете со цимет и исечете на парчиња.