Според многумина селекецијата на Бразил е еден од главните кандидати за златниот медал на Светското првенство во Катар, кое започнува оваа недела. Селекторот Тите неодамна го објави списокот на „кариоките“, а на него се најде 39-годишниот Дани Алвес, еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња, сега член на мексиканскиот Пумас.
Повикот на Алвес предизвика бројни контроверзи во фудбалската јавност во Бразил и пошироко, бидејќи многумина веруваат дека неговите најдобри денови се во далечното минато и дека повеќе не е на нивото на репрезентацијата.
Дополнителен скептицизам предизвикаа снимките и фотографиите од тренингот на репрезентацијата, на кои Алвес многу грубо ги фаулира соиграчите.
Неговите крампони ги почувствуваа Педро и Рафиња, но засега нема информации за повреди во бразилската репрезентација.
Видеото погледнете го ТУКА
Бразил во Катар е сместен во групата Г, заедно со Швајцарија, Србија и Камерун.