вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед го отстрани џиновскиот мурал со Роналдо од „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед го отстрани џиновскиот мурал со Роналдо од „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Мундијалската пауза ќе донесе и завршница на сагата со Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, ситуација која беше иницирана од Португалецот уште за време на последниот преоден рок.

Роналдо испрати многу тешки зборови на сметка на менаџерот и сопствениците на клубот, па јасно е дека нема иднина на „Олд Трафорд“, иако клубот дури денеска индиректно ја испрати првата порака.

Медиумите го забележаа елиминирањето на џиновскиот мурал поставен на стадионот, на кој во главна улога беше токму Роналдо, а Португалецот беше во друштво на Брајан Робсон и Дејвид Бекам.

Клубот досега не го објаснил денешниот потег, па во отсуство на информација за поводот, јасно е дека фокусот се префрла на скандалот кој го предизвика Роналдо.