Во најголемиот дел од интервјуто со Пирс Морган, Кристијано Роналдо критикува, но неколку играчи добија и пофалби.
Тој особено го издвои неговиот соиграч од репрезентацијата Диого Далот на кој му предвидува голема иднина.
Запрашан за тоа кои се топ професионалци во Манчестер јунајтед, Роналдо рече: „Диого Далот секако, тој е млад и е голем професионалец и ќе има долга кариера во фудбалот. Би ги издвоил и Мартинез и Касемиро. Но, да, Далот е врвен професионалец“.
Пирс Морган беше запрашан и дали соиграчите го слушаат, Роналдо рече: „Не им е гајле. Некои да, но повеќето од нив не. Но тоа не ми изненадува“.