Новиот тренер на Црвена ѕвезда, Душко Ивановиќ на почетокот на неделата ги презеде „црвено-белите“ и веќе покажа дека е одлучен да ја подигне формата на тимот.
На вториот тренинг, одржан вчера Ивановиќ работеше со тимот цели пет часа. Кошаркарите почнаа со работа во 17 часот, а завршија во 22 часот.
Претседателот на Црвена Звезда, Небојша Човиќ претходно изјави дека раната промена на тренерот е диктирана од желбата на раководството да го зголеми степенот на дисциплина во тимот.
Црвена ѕвезда е последна во Евролигата со само една победа на седумте одиграни натпревари.
Во регионалната АБА-лига, белграѓани имаат четири победи еден пораз.